Топло добредојде во академскиот свет на новите бруцоши им посака тимот предавачи во Високата школа. Младите новинари и идни стручни лица за односи со јавноста освен со своите колеги, се запознаа и со начинот на студирање во оваа високообразовна институција, очекуваните знаења и вештини за првиот семестар и начинот на комуникација преку Интранет системот.
Паралелно со додипломските студии, во Високата школа и Институтот за комуникациски студии течат подготовките за зимскиот семестар на постдипломските студии на насоките Менаџирање на медиуми и мултимедија и Менаџирање на стратегиски комуникации.