Комуникациски стратегии за Општина Аеродром, за селектирање и рециклирање отпад, за неколку компании и за креаторката Искра Џокиќ се дел од дипломските работи на студентите по односи со јавноста. Во завршните проекти, студентите нудат предлози и решенија за подобрување на надворешната и внатрешната комуникација и за подобрување на имиџот на нивните клиенти.
Во изработката на дипломските работи, студентите го истражуваа и анализираа пазарот, конкуренцијата, потенцијалните публики, како и главните цели и планови на оние за кои работеа. Врз основа на добиените резултати, тие ги креираа главните пораки, комуникациските цели и публики на клиентите, како и алатките и каналите за нивната комуникација со јавноста.
Со завршувањето на тригодишното студирање на Високата школа, студентите се оспособија за работа во областа на корпоративните комуникации и односите со јавноста.