Десетте најдобри медиумски производи на конкурсот „Изрази се преку медиумите“ се наградени со стипендии за студирање на Високата школа. Изминатитe два месеца, на конкурсот пристигнаа 140 производи од средношколци од цела Македонија.
Освен десетте матуранти, еден литературен-видео клуб и уште двајца средношколци добија награди камера, лаптоп и фотоапарат, а неколку средни училишта и средношколци добија признанија.
Наградени стипендисти за академската 2013/2014 се:
Новинарство
1. Љубица Николовска - стипендист на Алфа ТВ
2. Мартин Манасков - стипендист на „Нова Македонија“
3. Катерина Смилева - стипендист на Медиа Принт Македонија
4. Ирена Каревска - стипендист на Медиа Принт Македонија
5. Тања Кангалова - стипендист на Радио Канал 77
6.Томас Ѓорѓиевски - стипендист на CLUB FM Радио
Корпоративни комуникации и односи со јавноста
1. Ангел Димитриевски - стипендист на агенцијата „McCann Erickson“
2. Александра Хаџи Митова - стипендист на агенцијата „APRA Porter Novelli“
3. Дина Ивановиќ - стипендист на АЛФА ТВ
4. Маја Каралиева - стипендист на „Нова Македонија“
На конкурсот се наградени и:
1. Каролина Ѓорѓиевска од ОСУ „Ацо Русковски“ - Берово (прво место - лап топ)
2. Ивана Попчевска од ОСУ „Ацо Русковски“ - Берово (второ место - камера)
3. Литературниот-видео клуб „Јоска“ при ОСУ „Јосиф Јосифовски“ - Гевгелија (трето место - фотоапарат)
Признанија добија:
1. Ивана Сукловска од СОУ “Свети Климент Охридски-“ Охрид
2. Светислав Трајановски од СОУ „Гоце Делчев„ – Куманово
3. Тамара Венова, од СОУ „Јосиф Јосифовски“ - Гевгелија
4. СОУ „Добри Даскалов“ - Кавадарци
5. СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ - Скопје
Конкурсот „Изрази се преку медиумите“ се презентираше во 40-тина средни училишта во 30 градови и преку повеќе национални и локални медиуми. Проектот на тема „Можеш да придонесеш! Активирај се и помогни во заедницата.“ ги стимулираше средношколците да го искажат својот став и да покажат пример за активизмот на младите во општеството преку изработка на текстови, фотографии и едноминутни видеа.
Проектот се реализираше во соработка со Министерството за образование и наука.