Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Вести

Високата школа го распиша конкурсот за запишување на додипломските, специјалистичките и магистерските студии за академската 2013/2014 година. Вкупно 50 студенти може да студираат на додипломските студии на насоките Новинарство и Корпоративни комуникации и односи со јавноста. На специјалистичките студии можат да се запишат 20 студенти, а магистерските студии се отворени за 40 студенти на програмите Менаџирање на медиуми и мултимедија и Менаџирање на стратегиски комуникации.

Школата им овозможува на студентите да се стекнат со сеопфатно знаење и способности, со примена на светските трендови за квалитетно високо образование и со следење на барањата на приватниот и јавниот сектор. Таа создава интелектуално опкружување за работа и учење за студентите, со тоа што им овозможува да стекнат знаење од домашни и странски професори кои се етаблирани академици и професионалци во индустријата, го поттикнува истражувањето на академско ниво и им нуди можности за студентска размена.

Додипломските студии им нудат на студентите поголем обем на стручни вештини, преку нивно непосредно вклучување во работниот процес уште за време на студирањето. Факултетскиот центар „Кариера“ се грижи за нивниот професионален развој и праксата. Студентите можат да поминат еден семестар на универзитети во Европа и САД со кои Високата школа има потпишано договор за соработка и да добијат стипендии за студиски престој преку програмата ЕРАСМУС.

Специјалистичките студии овозможуваат да се унапредат професионалните знаења и способности на новинарите, медиумските и професионалците за комуникации, а со цел полесно да ги предвидат и да умеат да се соочат со предизвиците од информатичката и комуникациската експанзија.

Магистерските студии, покрај ова, ги поттикнуваат истражувачката дејност на академско ниво и поддршката на развојот на млади истражувачки кадри, со цел преку издавање и објавување на релевантни трудови да се поттикне развојот во областа на медиумите и комуникациите. Магистерските студии се реализираат во рамки на научниот Институт за комуникациски студии при Високата школа во траење од една и две години.

Високата школа е носител на Катедрата на УНЕСКО за медиуми, што е гарант за примената на високи стандарди во образованието. Потврда за квалитетот на студиите е и тоа што Школата е рангирана на деветото место според Шангајската листа.