Мартовскиот број на весникот „Медиум“ излегува во петок. Во ова издание во главната „тема за дилема“ се истражуваше колку е застапено сексуалното образование во средните училишта. „Фаца на месецот“ во роденденскиот број е ракометарот Наумче Мојсовски.
За средношколските денови разговаравме со пејачите Кристијан Тодоровски Кико и Магдалена Цветковска Ена, а „херојот“ на овој број го инспирираат кошовите за клубот „Фени“.
Дознајте како да отидете до Колешинските водопади близу Струмица, кој е „најдобар млад новинар“ и „најкул професор“ и што се случуваше низ ходниците на училиштата, а весникот ќе ви понуди и неколку добри совети за забава.