Мултимедијалниот проект „Исти сме“, организиран од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста денеска промовиран пред матурантите во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Матурантите имаа можност да се запознаат со условите и критериумите за учество на конкурсот преку што можат да добијат стипендии за студирање новинарство и односи со јавност.