Босанскиот весник „Медиа маркетинг“ објави анализа за огласувачкиот и ПР бизнис во Македонија. Весникот пишува дека во земјава работат повеќе од 150 агенции кои се занимаваат со маркетинг, огласување и односи со јавноста, но дека само неколку од нив се специјализирани за односи со јавноста и нудат комплетни комуникациски услуги.
Анализата ја подготвија директорката на Високата школа Жанета Трајкоска и новинарите, поранешни студенти на Школата, Срѓан Стојанчов и Пелагија Младеновска.