Повеќе медиуми во земјава известуваа за конкурсот за најдобар матурски проект „Изрази се преку медиумите“. А2 Телевизија емитуваше приказна за средношколците кои го подготвуваат училишниот весник „Визија“, додека дневниот весник „Дневник“ пишува дека средношколците повеќе се заинтересирани своето мислење да го изразуваат на интернет-форумите.
Средношколците велат дека медиумите речиси не одвојуваат простор за темите што ги засегаат младите и дека Високата школа за новинарство и за односи со јавноста им дава ретка можност да кажат што мислат.
Прочитајте го целосниот текст објавен во „Дневник“ - „Не сакаат школски, туку интернет весници“
Погледнете го прилогот на А2 Телевизија