Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Медиумите за нас

„Изрази се преку медиумите". Високата школа за новинарство и за односи со јавноста денес пред средношколците на Гимназијата „Јосип Броз Тито" го презентираше конкурсот за најдобар медиумски производ.

 Средношколците треба да предложат идеја и да дадат пример како средношколците да се вклучат во локалната заедница преку различни волонтерски активности во и надвор од училиштето.

-Треба да направат едноминутно видео, фотоприказна или есеј, изјави Aлександра Tеменугова, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.

Најуспешните матуранти ќе бидат наградени со стипендии за студирање новинарство и односи со јавноста, а за училиштата и останатите средношколци се предвидени награди лап топ, камера и фотоапарат. Проектот веќе петта година се реализира како конкурс за најдобар средношколски медиумски производ, а Министерството за образование и наука е партнер во проектот втора година по ред.

-Ќе имаат можност да се стекнат со работно искуство во медиумите кои ги даваат стипендиите, изјави Теменугова.

Средношколците ги поздравуваат ваквите презентации.

-Имаме многу презентации со оглед на тоа што сме 4-та година и се многу корисни за нас, велат учениците.

Проектот е поддржан од широка платформа на етаблирани медиуми и компании кои ги доделуваат стипендиите, кои ги доделуваат стипендиите и на тој начин им нудат можност на средношколците за кариерен развој и ја потврдуваат нивната општествена одговорност.