|
Она што студентите го учат за време на студиите имаат можност практично да го применат во редакцијата на дневниот весник „Нова Македонија“ Весникот овозможува директно вклучување на практикантите во процесот на работа, при што студентите обработуваат теми базирани на вистински приказни и истите се објавуваат. Производ од соработката на Високата школа и Нова Македонија е средношколскиот весник „Медиум“, кој излегува како додаток во весникот, а на него работат студентите кои се стипендисти на „Нова Македонија“. |
|
|
|
Најдобар начин да се совлада новинарскиот занает е да се учи од луѓето кои го искусиле тој пат. Токму затоа Високата школа за новинарство и за односи со јавноста преку соработката со дневниот весник „Дневник“ им нуди можност на студентите да учат од предавачи кои го искусиле новинарството во овој медиум. |
|
|
|
Дневниот весник „Вест“ како соработник на Високата школа, ги отвора вратите за студентите на Школата кои имаат афинитети кон печатено новинарство. Преку стипендии на студентите им се овозможува професионален ангажман уште во текот на студирањето. |
|
|
|
Утрински весник како партнер на Високата школа нуди можност студентите практично да го применат своето теоретско знаење во редакцијата на весникот. Студентите имаат можност да се здобијат со искуство во областа на печатеното новинарство и да го усовршат новинарскиот занает. |
|
|
|
Дневниот весник на албански јазик Коха е пријател, партнер на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Коха им овозможува на студентите од албанска националност постојана пракса и можност за вработување при што тие имаат можност на мајчин јазик да ги истакнат знаењата стекнати во Високата школа. |
|
|
|
Дневниот весник Лајм како соработник на Високата школа овозможува практично искуство во својата редакција, со назначен ментор кој ќе се грижи за непречено одвивање на практичната настава на студентот. Студентите имаат можност практично да ги применат своите знаења за пишување во весник што подоцна ќе им биде од голема значење при иден професионален ангажман. |
|
|
|
Макфакс е прва приватна новинска агенција и е долгогодишен соработник на Високата школа. Макфакс во сопствените вести ги почитува принципите на независност, навременост, непристрасност, вистинитост, веродостојност и известување врз основа на проверени факти и доверливи извори. Преку праксата во овој медиум, студентите можат да научат како објективно се следат вестите, дa не заземаат став, што е една од најважните карактеристики на еден новинар. |
|
|
|
Порталот Нетпрес како соработник на Високата школа, овозможува практична настава на студентите која им помага да ги збогатат нивните вештини и знаења преку користење на различни мултимедијални алатки и следење на новите трендови во електронските медиуми. |
|
|
|
Македонската национална телевизија Алфа како долгогодишен соработник на Високата школа, нуди размена на искуства и најдобри практики преку гостувања на новинари, уредници и други медиумски работници од Алфа телевизија во наставата на Високата школа. Алфа телевизија доделува стипендии за најталентираните средношколци, во областа на новинарството, со можност за пракса при која студентите можат да се соочат со предизвиците на телевизиското новинарство. |
|
|
|
Соработник, пријател на Високата школа е и телевизијата Алсат М, која нуди стипендии за студентите и од македонска и од албанска националност во областа на телевизиското новинартсвото. Алсат М телевизија овозможува професионален ангажман во текот на студиите но и по нивното завршување. Преку овој медиум студентите имаат можност одблиску да се запознаат со работењето во телевизија. |
|
|
|
Телевизија Тера е партнер, со која Високата школа континуирано работи на различни проекти кои имаат за цел да ги подигнат стандардите во новинарската професија но и доближување и ПР професијата, како релативно млада професија на нашите простори. |
|
|
|
Телевизија Ирис е соработник и поддржувач на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Како локален медиум и телевизија Ирис заедно со Високата школа работат на проекти за развој и примена на етичките и професионалните стандарди во новинарството како професија. |
|
|
|
Телевизија Здравкин е долгогодишен партнер на Школата. Овој медиум им овозможува на студентите да се стекнат со професионална пракса, преку која ќе се запознаат со начинот на известување на локално ниво. |
|
|
|
Телевизија Кисс е соработник и поддржувач на Високата школа. Заедно со школата, телевизијата учествувала во повеќе заеднички проекти од областа на новинарството. Како се стои пред камера, како се известува од настан и како тече процесот на подготовка на еден прилог, студентите можат да го искусат во редакцијата на овој медиум. |
|
|
|
Телевизија Менада е локална телевизија со која Високата школа има успешна соработка. Доколку има потреба од пракса телевизијата нуди отворена можност за сите студенти, своето работно искуство да го стекнат токму во овој медиум. |
|
|
|
Радиото Слободна Европа е еден од поддржувачите на Високата школа, чија што соработката резултирала со повеќе заеднички проекти. Радио Слободна Европа исто така им овозможува на младите новинари практично искуство за работа во радио. Таа ги има отворено своите врати за многу наши студенти кои денес се дел од тимот на оваа медиумска куќа. |
|
|
|
Клуб ФМ е долгогодишен соработник на Високата школа која дава можност за стекнување со стипендија за најталентираните средношколци. Покрај искуството кое може да се стекне во областа на радио новинарството, овој медиум работи и на повеќе проекти со Школата, како во областа на новинарството така и во областа на односите со јавноста. Еден од заедничките проектите на Клуб ФМ и Високата Школа беше и проектот “Читај секаде”. |
|
|
|
Радио Канал 77 е партнер на Високата школа, кој освен што нуди стипендии дава и можност студентите да го искусат аудио-визуелното изразување и да научат како да го зграпчат вниманието на слушателот преку моќта на радиото. Овој медиум овозможува професионален ангажман за време на студиите, но и по нивното завршување. |