LOGO - Лого

Со овој предмет ќе бидат опфатени модерните предизвици со кои се соочуваат менаџерите, како што се промените на организациските структури, комплексните услови на животната средина, новиот технолошки развој и разновидната работна сила. Cтудентите ќе бидат запознаени со критичките прашања на управувањето поврзани со следниве процеси: планирање, организирање, контролирање и водење на организацијата.

Преку наставната програма, студентите ќе можат да ги разберат клучните концепти и разлики што произлегуваат од различната одговорност кога се наоѓате во улога на управувач и кога сте дел од тимот, при тоа овозможувајќи им да дадат поефективен придонес за организациите во кои (ќе) дејствуваат.

Посебен акцент ќе биде ставен на различните аспекти на организациската поставеност, како и на различните стилови на управување. При тоа ќе биде земена во предвид структурата на организацијата: околината (деловната и животната средина), стратегијата, културата, задачите, вработените и резултатите, како и евалуирањето на тоа како поединечните одлуки донесени во секој од овие сегменти поединечно влијаат на работењето на останатите сегменти, како и на вкупните резултати на компанијата.

Знаења и вештини

Предметот им овозможува на студентите:

•    ќе стекнат знаење за различните теории и концепти на управувањето
•    да ги идентификува главните вештини кои ги поседува ефективниот управувач
•    ќе бидат оспособени да ги дефинираат, дебатираат и ги објаснат различните функции на управувањето: планирање, организирање, раководење со човечки ресурси, давање насоки и контролирање
•    ќе има вештини да ги процени индивидуалните перформанси, на пооделните оддели како и на организацијата во целина
•    ќе се стекнат со знаења и вештини за основите на концептите за управување и ќе научат од професионалците како истите да ги применат во пракса
•    да ги идентификуваат внатрешните и надворешните фактори и сили со кои се соочуваат управувачите во секојдневната работа
•    ќе го разбере историскиот развој на теориите на управување
•    ќе развие критичко размислување кога ќе се соочи со реалните проблеми на управување
•    ќе ја разбере важноста на општествената одговорност и етика во процесите на управување
•    широко разбирање за управувањето како во локалните така и во меѓународните односи земајќи ги во предвид економските, политичките и општествените системи

Факти за предметот

Траење: пет недели
Часови во недела: е-учење
Задачи: вежби, работа на терен, практични задачи

Литература

•    Austin, E.W. and B.E. Pinkleton (2008): Strategic Public Relations Management: planning and managing effective communication programs. 2nd ed. London: Lawrence Erlbaum Associates; edition published in the Taylor & Francis e-Library, 2008. pp. 411 (selected pages reading).
•    Gregory, Anne (2008): Planning and Managing Public Relations Campaign. 2nd ed.  London: CIPR; pp. 1-77.
•    Grunig J.E. and L. Grunig (2006): Characteristics of Excellent Communication. In: IABC Handbook of Organizational Communication. San Francisco: IABC. pp. 3-14.
•    Gronstedt, Anders (1997) The Role of Research in Public Relations Strategy and Planning. In: Caywood, C.L. (ed.) (1997): The Handbook of Strategic Public Relations & Integrated Communications. pp. 34-59.
•    Kim J.N., James E. Grunig (2011): Problem Solving and Communicative Action - A Situational Theory of Problem Solving. Journal of Communication 61(2011). pp. 120-149.
•    Oliver, Sandra (2008): Public Relations Strategy. 2nd ed. London: CIPR. pp. 1-70.
•    Olum , Y. (2000): Modern Management Theories and Practices. pp. 25.
•    Rawlins, B.L. (2006): Prioritizing Stakeholders for Public Relations. pp. 14.
•    Rhee, Y. (2004): An Overview of Public Relations Theory: Management Perspectives in Public Relations. pp. 30.
•    Whetten, D.A i K.S. Cameron (2011): Developing Management Skills. 8th ed. Boston: Prentice Hall. pp. 720 (selected pages reading).

Предавач

м-р Александар Стамболиев

 

 

Гостин

This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. м-р Пеѓа Ашанин Голе - (Гостин предавач)