LOGO - Лого

This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. магистрира на темата „Стратешко планирање на односите со јавноста во јавниот сектор“ на студиите за менаџмент на Факултетот за општествени науки на Универзитетот во Љубљана, Словенија. Дипломирал на политички науки на Факултетот за социологија, политички науки и новинарство на Универзитетот во Љубљана. Тој има повеќе од 20 години искуство како консултант за стратегиски комуникации и директор за стратегиски маркетинг и комуникации во јавноста, во владиниот и приватниот сектор во Словенија и во странство.

Во односите со јавноста, тој специјализира за комуникации во јавниот сектор, кризни и конфликтни комуникации, управување со ситуации, стратешко планирање на комуникациите, корпоративни комуникации, стратегии за преговори и за консултантски услуги за врвниот менаџмент во областа на стратегиските комуникации.

Ашанин Голе е избран за предавач на Факултетот за применети бизнис и општествени науки ДОБА во Марибор, каде што предава Стратешко планирање на односи со јавноста и Управување со ситуации и кризни комуникации. Покрај тоа, предава на различни факултети, бизнис школи и на домашни, странски и меѓународни професионални конференции.

Тој е автор на бројни научни и стручни статии за односи со јавноста, менаџмент на комуникации, стратегиски менаџмент и за стратегиски маркетинг. Ко-автор е на книгата со студии на случај за односите со јавноста во Словенија на словенечки и англиски јазик „Словенечки односи со јавноста - Теорија и пракса: 1990-2000“. Тој е гостин уредник за научното социолошко списание „Теорија и пракса“, научното маркетинг списание „Академија ММ“ и други стручни публикации.

Тој е член на Здружението за односи со јавноста на Словенија (PRSS), со кое претседаваше во 1997/1998, подоцна ја презеде позицијата на генерален секретар од 1998 до 2000 година и заменик-претседател од 2000 до 2003 година, а од 2006 година тој е амбасадор на PRSS. Ко-основач е на Словенечката конференција за односи со јавноста, каде 8 години бил програмски директор на конференцијата, и на регионалната стручна коференција „Proactive“, која секоја година се одржува во Босна и Херцеговина.

Ашанин Голе е член на Меѓународната асоцијација за бизнис комуникатори (IABC) со седиште во Сан Франциско, САД, е доживотен член на IABC Fellow 500 Club Memebership, беше ко-основач на Катедрата на IABC во Словенија (во 1996/1997 беше претседател) и на Секторот за односи со јавноста на Владата и на јавниот сектор на Словенија.

Добитник е на повеќе професионални награди и признанија во Словенија и надвор од неговата земја, меѓу кои.

- IABC Chapter Management Award of Excellence – за професионален развој, маркетинг и стратешки комуникации;
- Silver Award, доделенa од страна на Словенечкиот адвертајзинг фестивал;
- Наградата Bronze Effie (ефикасност во комуникација);
- Признание за заслуги за развојот на односите со јавноста во Босна и Херцеговина;
- Признание за заслуги за развојот на професијата односи со јавноста во Словенија;
- Специјална награда за достигнување во односите со јавноста (доделена на 20-годишнината од PRSS).