Предметот изучува како комуникациската стратегија се интегрира во сите медиуми за да се комуницираат специфични пораки на одредена тема до различни публики. Во менаџирањето со односите со медиумите ќе се изработуваат медиумски планови за стратегиски односи со јавноста, ќе се изучуваат медиумските специфики, медиумите и маркетинг одлуките, управувањето со новите комуникациски технологии и буџети. Исто така се опфатени и устната комуникација и презентациските вештини.
Особено внимание се посветува на новите медиуми - пишување за онлајн медиуми и разбирање на дигиталните апликации. Предметот ги изучува основите на планирање и дизајнирање на веб страница и користење на Dreamweaver, Flash и Photoshop, како и на сајтовите за социјално вмрежување, алатки за онлајн продукција и системите за дистрибуција. Студентите ќе дизјанираат покани за настан, билтени и веб страница и ќе создаваат нови визуелни решенија.
Знаења и вештини
Предметот им овозможува на студентите:
• ќе знаат да ги идентификуваат релевантните целни групи, да ја сегментираат публиката и да умеат да ја определат улогата на секоја комуникациска техника во кампањата;
• ќе бидат способни да го одредат контекстот во кој работат новинарите, интерактивноста и односите меѓу медиумите;
• ќе знаат да се изразат јасно и професионално преку медиумите и другите техники на комуникации и со фокус на специјализирано пишување за онлајн, телевизија, радио и печатени медиуми.
• ќе знаат да применуваат различни алатки: соопштение за јавноста, фичер статии, извештаи и други прес материјали, како и пишување билтени, изработка на видео и интернет комуникации;
• ќе ги оспособи за напредното пишување како годишни извештаи, говори за извршни директори, разни документи за јавност и други алатки за промовирање на стратешките цели.
• ќе ги оспособи за пишување за онлајн медиуми и изработка на дигитални апликации.
Факти за предметот
Траење: пет недели
Часови во недела: е-учење
Задачи: вежби, работа на терен, практични задачи
Литература
Producing Online News: Digital Skills, Stronger Stories; Ryan Thornburg, University of North Carolina, Chapel Hill
Предавач
Гостин