LOGO - Лого

marina-tuneva-photo-VSThis email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. е доктор по студии на културата, чија дисертација е на тема „Улогата на комуникациските стратегии во мултикултурните општества: студија на случај Охридски рамковен договор“. Магистрира на Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозофски факултет во Скопје, а заврши постдипломски студии по дипломатија на Универзитетот во Малта. Дипломира на интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Марина Тунева е извршен директор на Советот за етика во медиумите на Македонија од 2015 година. Од 2008 година е предавач на Високата школа за новинарство и односи со јавноста. Како експерт на полето на односите со јавноста, известувањето за различностите, интеркултурните комуникации и етиката во новинарството, таа е активно вклучена во развивањето наставни програми и проекти во овие области во државата и на меѓународно ниво. Автор е на публикациите „Медиумите, граѓаните и интеркултурните комуникации“, „Прирачник за известување за различностите“, „Вовед во односите со јавноста“ и „Како да комуницирате со медиумите“.