LOGO - Лого

Предметот е дизајниран да го зголеми разбирањето за стратегиските комуникации како управувачка функција, за важноста на комуникацијата во сите аспекти на организацискиот живот и во развојот на деловната стратегија и за управувањето со комуникацискиот процес со посебен фокус на развивање на лидерските вештини.

Во предметот се изучува зошто ефективната комуникација е клучна во создавањето успешни организациски промени и согласно тоа како да се развие ефикасна комуникациска стратегија за да се олеснат промените. Се анализираат организациските структури и процеси и нивното влијание врз процесот на комуникација, и обратно влијанието на комуникациите врз организациската структура.

Предметот ја потенцира улогата на лидерството во донесувањето одлуки и решавањето на проблемите преку вештини за стратегиско организациско планирање, водење на вработените, управување со тим и со промени и важноста на комуникациските и презентациските вештини.

Знаења и вештини

Предметот им овозможува на студентите:
•    ќе бидат способни ефективно да креираат, презентираат и водат интегрирани односи со јавност;
•    ќе знаат како стратегиски да ги планираат комуникациите;
•    ќе го разбираат значењето на усогласеноста меѓу внатрешната и надворешната комуникација;
•    ќе бидат способни за предвидување и подготвени да се справуваат со  кризни ситуации, да управуваат со ризици и стратегиски да размислуваат за градењето на угледот.

Факти за предметот

Траење: пет недели
Часови во недела: е-учење
Задачи: вежби, работа на терен, практични задачи

Литература

•    Argenti, P.A., R.A. Howell, K.A. Beck (2005): Strategic Communication Imperativ. MIT Sloan Management Review, Vol. 46, No. 3, 83-89
•    Barrett D.J. (2006): Leadership Communication: A Communication Approach for Senior-Level Managers. Handbook of Business Strategy. Emerald Group Publishing, 2006, Vol. 7, Iss: 1, 385-390
•    Bentele G., H. Nothhaft (2010): Strategic Communication and the Public Sphere from a European Perspective. International Journal of Strategic Communication 4(2010)93-116
•    Bütschi, G., B. Steyn (2003): Theory on strategic communication management is the key to unlocking the boardroom. Journal of Communication Management, Vol. 10, Iss: 1, 106-109
•    Meng, J. (2012): Strategic leadership in public relations: An integrated conceptual framework. Public Relations Review 38 (2012) 336–338
•    Moore, Simon (2010): The Origins of Strategic Communication: Precedents and Parallels in Ancient States. Atlantic Journal of Communication, 18(2010)227-240
•    Hallahan, K. (2001): The Dynamics of Issues Activation and Response: An Issues Processes Model. Journal of Public Relations Research, 13(1), 27–59
•    Jacques, T. (2012): Is issue management evolving or progressing towards extinction? Public Communication Review, 2(1)35-44

Предавач

м-р Марко Трошановски

 

 

 Гостин

This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. м-р Пеѓа Ашанин Голе - (Гостин предавач)