Високата школа нуди можности сите матуранти кои имаат афинитети во областа на новинарството, медиумите, комуникациите и односите со јавноста да се стекнат со стипендии. Стипендиите се обезбедени од фондот за талентирани средношколци што го поддржуваат медиуми, компании, државни институции, општини и меѓународни организации. На овој начин се покажува општествената одговорност за поддршка на високото образование и за професионалното унапредување и развој на професиите.
|
|