Предметот ја изучува глобалната комуникација, нејзиниот контекст, глобалниот тек на информациите и управувањето со интеркултурните односи. Опфаќа теми и за тоа како дипломатијата, интернетот и е-трговијата, разновидноста на медиумите и масовната комуникација, новите трендови во меѓународната деловна комуникација, напредокот во технологијата и на односите со јавноста влијаат во креирањето на односите во денешното мултикултурно општество.
Предметот ќе им помогне на студентите да ги разберат културните разлики и особености ширум светот и ќе ги оспособи за организациска комуникација, лидерство и способност за донесување одлуки од суштинско значење во интеркултурните средини.
Знаења и вештини
Предметот им овозможува на студентите:
• разбирање на интердисциплинарната природа на меѓународната и интеркултурната комуникација;
• разбирање на поврзаноста меѓу глобалниот и локалниот контекст во интеркултурните комуникации;
• подготвеност за анализа на начинот на кој ефективните меѓународни и интеркултурни комуникации може да помогнат во надминување на глобалните проблеми;
• ќе имаат разбирање за мултикултурните глобални средини, како и на индивидуалните ставови и пристапи при спроведувањето на програми за односи со јавноста;
Факти за предметот
Траење: пет недели
Часови во недела: петок попладне и сабота
Задачи: вежби, работа на терен, практични задачи
Литература
- Шопар Весна, Свет на меѓусебна поврзано и меѓусебна зависност и Интеркултурна комуникација, авторизирани предавања, 2013
- Gidens Antoni, , Evropa u globalnom dobu, Clio, 2009
- Vojislav Michovich, Globalizacija I novi svetski poredak, Chigoja shtampa, 2001
- Jagdish Bagvati, U odbranu globalizacije, Sluzhbeni glasnik, 2008
- Fred E. Jandt, An Introduction to Intercultural Communication – Identitites in a Global Community, SAGE, 2010
- Ziveti zajedno, Razlicitost I slobode u Evropi 21. veka, Savet Evrope, 2011
- Bela knjga o interkulturnom dijalogu, Ziveti zajedno kao jednaki u dostojanstvu, Savet Evrope, Strazbur, 2008
- Boaventura De Soza Santos, Procesi globalizacije, Casopis za knjizevnost I kulturu I drustvena pitanja, 2002
- Aspekti globalizacije, Beogradska otvorena skola
Професор