LOGO - Лого

Во предметот се изучува како новините во начинот на комуникацијата со јавноста ја менуваат иднината на организацијата, како се пренесуваат пораките преку интегрирана маркетинг кампања со координирано користење на односите со јавноста и целиот спектар на техники, со акцент на социјалните медиуми. Предметот ќе ги запознае студентите со различни традиционални и нетрадиционални маркетинг дисциплини и со принципите и практиката на убедување, застапување и со социјалниот маркетинг.

Во предметот се става фокус на тоа како социјалните медиуми се користат како алатки за односи со јавноста, како го менуваат начинот на кој организациите комуницираат и се во интеракција со својата публика, како да се усогласат социјалните медиуми со деловните цели и целокупната комуникациска стратегија и како социјалните медиуми да се инкорпорираат во различни секторски функции на организациите.

Знаења и вештини

Предметот им овозможува на студентите:

•    ќе го разбираат значењето на интегрираниот маркетинг, улогата на директниот и интерактивниот маркетинг во рамките на еден интегриран маркетинг план;
•    ќе бидат способни да одредат кога интегрираниот маркетинг е најсоодветен за да се постигнат маркетинг целите;
•    ќе знаат да планираат, развиваат, спроведуваат и оценуваат интегриран маркетинг план;
•    ќе ги разбираат и ќе знаат да ги применуваат алатките на интегрираното маркетинг комуницирање: рекламирање, односи со јавност, директен маркетинг, продажба, веб базирани апликации и техники за евалуација;
•    ќе знаат да го користат целиот спектар на маркетинг медиуми и техники, вклучувајќи ги и новите медиуми - онлајн комуникација, социјални медиуми, граѓанско новинарство и блогови.

Факти за предметот

Траење: пет недели
Часови во недела: е-учење
Задачи: вежби, работа на терен, практични задачи

Литература

•    Blanchard, O. (2011): Social Media ROI. Managing and Measuring Social media Efforts in Your Organization. Indiana. pp. 1 to 292 (selected pages)
•    Clow, K. E. and Baack, D. (2007): Integrated Advertising, Promotion, and Marketing Communications. 3rd ed. New Jersey. pp. 2-489.
•    Fine, R. (ed.) (2010): The Big Book of Social Media. Case Studies, Stories, Perspectives.  Tulsa. pp. 1-280.
•    Nordfors, D. (2009): Innovation Journalism, Attention Work and the Innovation Economy. In: Innovation Journalism. Vol. 6. No. 1. pp. 1-42.
•    Nordfors, D. (2006): PR and the Innovation Communication System. In: Innovation Journalism. Vol. 3. NO. 5. pp. 1-9.
•    Rawlins, B. L. (2006): Prioritizing Stakeholders for Public Relations (pp. 1-14).
•    Springwise: Top 10 business ideas & opportunities for 2012. On: http://www.springwise.com/springwise/top-10-business-ideas-opportunities-2012/
•    Qualman, E. (2011): Soicalnomics. How social media transforms the way we live and do business. New Jersey. pp. 1- 295

Предавач

м-р Мери Каранфиловска

 

 

 

Гостин

м-р Наталија Постружник