Високата школа работи според уникатна програма составена од реномирани академски професори и искусни новинари и уредници од Македонија и од врвни експерти од Данската школа за медиуми и новинарство и од Универзитетот за применети науки Виндесхејм од Холандија. Студиите се во согласност со Болоњската декларација и организирани според Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) во три академски години, со можност за специјализација и за последипломски студии. |
|