LOGO - Лого

Студиската програма за корпоративни комуникации и односи со јавноста Ве оспособува да управувате со процесот на комуницирање на една организација, за да изгради препознатлив имиџ и углед, што ќе и` овозможи влијание на пазарот и во општеството и поголем профит. Бидејќи односите со јавноста се составен дел од менаџирањето со организацијата, на студиите ќе ги усовршите комуникациските вештини и техники и ќе стекнете сеопфатни знаења за менаџментот, маркетингот, бизнисот и политиката.

• Прва и единствена студиска програма за односи со јавноста во Македонија според највисоките академски стандарди.
Студиската програма е креирана заедно со стратешкиoт партнер Универзитетот за применети науки Виндесхеим од Холандија и е усогласена со Етичкиот кодекс (преземи) на Институтот за односи со јавност од Велика Британија. При Високата школа е основана Катедрата на УНЕСКО за медиуми, дијалог и заемно разбирање во Македонија.

Наставните програми се базирани на потребите на приватниот и јавниот сектор. Умешно се спојуваат теоријата и практичното работење. На тој начин ќе стекнете и знаења и вештини кои ќе Ви помогнат квалитетно и брзо да ги извршувате работните задачи како идни практичари за корпоративни комуникации и односи со јавноста.

• Систематизирана поврзаност со индустријата во сферата на корпоративните комуникации.
Во рамките на секој семестар ќе работите на проекти и истражувања за потребите на компаниите и организациите на пазарот.


nastavna-programa-tab


• Ќе ги знаете правилата, принципите и техниките на работа во односите со јавноста, но и ќе стекнете пошироки знаења за менаџментот, маркетингот, бизнисот и политиката за да ги идентификувате клучните интереси на една организацијаж

• Ќе можете да ги предвидите, препознаете и издвоите предностите на една организација за да ги промовирате во јавноста заради постигнување на поставените цели

• Ќе ги подготвувате и прикажувате информациите на една организација најчесто со употреба на големите медиуми, со продукција на текстови, фотографии, аудио и видео материјали и мултимедијални производи и со креирање на блогови, социјални мрежи и веб страници

• Јасно ќе се изразувате во пишана, устна и визуелна форма

• Ќе ги анализирате и истражувате состојбите на пазарот, ќе го испитувате јавното мислење и ќе го пресметувате ризикот, за да процените и да го изберете најделотворното менаџерско решение за една организација

• Ќе развивате и подготвувате стратегиски планови за претставување на една организација и на нејзините производи и услуги и ќе осмислувате и организирате уникати и креативни промотивни активности и настани

• Ќе ги резимирате и вреднувате постигнатите резултати за да оцените дали се постигнати поставените цели на една организација

Наставата е комбинирана со работа на домашни и меѓународни проекти и со задолжителна практика во агенции, компании и институции, кои освен вредно искуство, се и потенцијални работни места и контакти со професионалци од Вашата идна професија.

Ќе студирате во мали групи, со помош на модерна технологија, во добро опремен наставен простор, компјутерски лаборатории, библиотека, преку е-учење, а развиената Интранет мрежа ќе помогне ефикасно да комуницирате со предавачите и административниот кадар.

Во текот на студирањето имате можност за студентска размена во времетраење од еден семестар на универзитетите со кои Високата школа има потпишано договор за соработка, а согласно договорот, кредитите кои ќе ги стекнете на студискиот престој, се меѓусебно признаени. За студискиот престој, можете да добиете стипендија преку Програмата за мобилност на Европската комисија ЕРАСМУС.

Студиите се во согласност со Болоњската декларација и организирани според Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) во три академски години, со можност за специјализација и за магистерски студии. По завршувањето на додипломските студии, добивате 180 ЕКТС и диплома со стекнат назив „дипломирано стручно лице за корпоративни комуникации и односи со јавноста“.