LOGO - Лого

Високата школа ја реализира издавачката дејност во рамките на едицијата „Ex Libris“ со издавање книги од домашни автори и превод на странска литература. Книгите, прирачниците и авторизираните предавања на предавачите и соработниците служат како учебни помагала за студентите во наставниот процес, но и се наменети за сите медиумски и професионалци за комуникации. 

Школата располага и со богата библиотека која брои околу илјада домашни и странски наслови стручна литература од областа на медиумите, новинарството, комуникациите и односите со јавноста, но и соодветни изданија за економија, политика, историја... 

kniga-mediumi  

„Слобода на изразување, јавен интерес и медиумска регулација“

м-р Снежана Трпевска

Книгата ги разработува сите најзначајни прашања на медиумската политика и регулатива опфатени во документите на Советот на Европа, Европската комисија и други меѓународни организации, како и нивната имплементација во домашното законодавство.

     
kniga-sovremen  

„Современ македонски јазик во областа на новинарството и на односите со јавноста“

м-р Татјана Б. Ефтимоска

Оваа книга-учебник ѝ е посветена на културата на јавното говорење. Во центарот на нејзиниот интерес е современиот македонски стандарден јазик, онака како што (треба да) се употребува во медиумите и од страна на јавните личности.

     
kniga-emituvanje  

„Емитување вести, пишување, известување и продуцирање“

Тед Вајт, Френк Барнес

Петтото издание ги води студените и идните ТВ репортери низ тајните на телевизиското новинарство. Книгата е напишана според природната прогресија на создавање на вестите: специфичноста на на пишувањето вести за телевизија, барањето информации и користењето извори, известувањето, како и продуцирањето и емитувањето на телевизиските вести.

     
 

„Вовед во односите со јавноста“

м-р Марина Тунева

Книгата е подготвена да одговори на потребата за стекнување знаење од областа на односите со јавноста. Таа е замислена да им овозможи на студентите да ги разберат основите на својата идна професија во светот на комуникациите. Учебникот може да им послужи и на професионалците на ова поле, како и на заинтересираните што би сакале да го разберат значењето на односите со јавноста во своето секојдневно работење.

     
kniga mediumi gragja  

„Медиумите, граѓаните и интеркултурните комуникации“

м-р Марина Тунева и м-р Емилија Петреска Камењарова

Книгата е структуирана во три дела. Во првиот дел се разгледуваат значењето и главните концепти на интеркултурните комуникации. Вториот дел претставува теоретска рамка со практични примери и илустрации што обезбедуваат насоки за начините на кои треба да се известува за различностите. Третиот дел е посветен на темата граѓанско новинарство.

     
 

„Вовед во теоријата на комуникациите - анализа и примена“

Ричард Вест, Лин Х. Тарнер

Книгата објаснува на едноставен, директен начин како теориите за комуникациите функционираат во нашите секојдневни животи. Преку многубројни реални и применливи примери, таа овозможува запознавање со принципите и со централните идеи на важните теории и дава преглед и кратка историја на развојот на комуникациската дисциплина.

     
 

„Основи на корпоративното комуницирање“

Цис Б. М. ван Риел и Чарлс Џ. Фомбрун

Книгата им помага на читателите не само да ги разберат, туку и да ги применат најважните теоретски поими за идентитетот, идентификувањето, репутацијата и корпроативното брендирање и укажува на кој начин комуникацијата на една компанија со нејзината клучна публика зависи од севкупната внатрешна и надворешна комуникација на компанијата.

     
 

„Основи на пишувањето за медиумите“

Мелвин Менчер

Книгатаима за цел да им помогне на читателите да ги истражат различните области во новинарството и да им покаже како работат професионалците во оваа дејност. Работата што ја вршат има заедничка основа. без оглед дали професионалецот е репортер за телевизиска станица, специјалист за односи со јавноста, филмски критичар или известувач од судница за локален весник.