Високата школа го основаше Институтот за комуникациски студии (ИКС) којшто нуди магистерски студиски програми на две насоки: Менаџирање на стратегиски комуникации и Менаџирање на медиуми и мултимедија.
ИКС е регистриран како научен институт од страна на Министерството за образование и наука, со цел да го поттикне развојот на нови кадри во научно-истражувачката дејност и да го надомести сериозниот недостаток од истражувања во односите со јавноста, корпоративното комуницирање, интегрираните маркетинг комуникации, новите медиуми и новинарството. На ваков начин, Институтот обезбедува поврзаност на постдипломските студии со истражувачката дејност и работа на студентите на конкретни истражувачки проекти.
Наскоро повеќе на iks.edu.mk