This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. е магистар по компаративен локален развој од Универзитетот во Тренто, Италија, Универзитетот Регенсбург во Германија и Корвинус универзитетот во Будимпешта, Унгарија. Дипломирала на студиите по новинарство на Правниот факултет во Скопје.
Има повеќе од тринаесет години работно искуство на раководни позиции во повеќе домашни и меѓународни организации кои се занимаваат со развој на демократијата, владеење на правото, развој на граѓанскиот сектор и партиципативен локален развој.
Повеќе години Јаневска работи како професионалец за комуникации и за односи со јавноста. Била Координатор за комуникации на Проектот на УСАИД за имплементација на судски реформи, Координатор за комуникации на канцеларијата на Обединетите нации во Македонија, а моментно работи како Раководител за знаење и комуникации на Мрежата на асоцијации на локални власти од Југоисточна Европа.
Јелена Јаневска има и долгогодишно консултантско и обучувачко искуство, како и повеќегодишно искуство како универзитетски предавач.