Предметот овозможува знаења и вештини за буџетско планирање и обезбедување на финансиски средства и спонзорства за спроведување на различни активности и настани. Предметот обезбедува основна теоретска рамка, врз која ќе се надградат практичните аспекти на изработка и следење на буџетот и обезбедувањето средства.
Знаења и вештини
Предметот им овозможува на студентите:
- да стекнат знаења за финансиско планирање на активностите, утврдување на расходите и планирање на приходите
- да стекнат знаења и техники за барање и обезбедување на финансиски средства и спонзорства
- да ги подобрат вештините кои ќе обезбедат систематски приод кон обезбедувањето средства
- да можат да ја разберат законската рамка која ја регулира оваа област
Факти за предметот
Траење: еден семестар (септември-јануари)
Задачи: вежби, практични задачи
Литература
м-р Јелена Јаневска, Авторизирани предавања, Висока школа за новинарство и за односи со јавноста, 2010
Предавач
м-р Дејан Андонов