Студентите по односи со јавноста реализираа работилница за зајакнување на мотивираноста на едно работно место, којашто беше наменета за вработените во Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
Десетте најдобри медиумски производи на конкурсот „Изрази се преку медиумите“ се наградени со стипендии за студирање на Високата школа. Изминатитe два месеца, на конкурсот пристигнаа 140 производи од средношколци од цела Македонија.
Високата школа го распиша конкурсот за запишување на додипломските, специјалистичките и магистерските студии за академската 2013/2014 година. Вкупно 50 студенти може да студираат на додипломските студии на насоките Новинарство и Корпоративни комуникации и односи со јавноста. На специјалистичките студии можат да се запишат 20 студенти, а магистерските студии се отворени за 40 студенти на програмите Менаџирање на медиуми и мултимедија и Менаџирање на стратегиски комуникации.
Спомен куќата во велешкото село Горно Врановце ги врати студентите во периодот кога почнала традицијата на првиот весник на македонски јазик „Нова Македонија“.
Креативната фотографија најмногу зависи од фотографската умешност, што студентите ја вежбаат на часовите по Фотографија, графика, дизајн. Добрите фотографии не се прават случајно, па за да се извлече најдоброто од некоја тема, мора правилно да се постават елементите во кадарот.