Топло добредојде во академскиот свет на новите бруцоши им посака тимот предавачи во Високата школа. Младите новинари и идни стручни лица за односи со јавноста освен со своите колеги, се запознаа и со начинот на студирање во оваа високообразовна институција, очекуваните знаења и вештини за првиот семестар и начинот на комуникација преку Интранет системот.
Седум студенти на новинарство и пет од насоката односи со јавноста денеска ја одбранија дипломската работа пред комисијата предавачи и нивните ментори. Студентите по новинарство ги презентираа своите оригинални истражувачки приказни кои се одличен обид за одговор на прашања од јавен интерес и кои на автентичен начин и со низа истражувачки техники го доловуваат однесувањето на различни институции во државата.
Неодамна основаниот Институт за комуникациски студии на Високата школа распиша конкурс за упис на постдипломски студии на следниве насоки:
* Менаџирање на медиуми и мултимедијa
* Менаџирање на стратегиски комуникации
Студентите од втора година на насоката новинарство направија ТВ емисија во која разработуваат теми за економијата во Македонија. Емисијата „Епицентар“ е финална вежба која ги сублимира знаењата и вештините стекнати по предметот ТВ новинарство и Известување за економија во текот на летниот семестар.
Високата школа ќе ги промовира трите студии од истражувачката едиција „Res Public“ и ќе ги додели првите дипломи за завршени студии во понеделник од 12 до 14 часот во ЕУ Инфо центарот.
Комуникациски стратегии за Општина Аеродром, за селектирање и рециклирање отпад, за неколку компании и за креаторката Искра Џокиќ се дел од дипломските работи на студентите по односи со јавноста. Во завршните проекти, студентите нудат предлози и решенија за подобрување на надворешната и внатрешната комуникација и за подобрување на имиџот на нивните клиенти.