Експертскиот панел составен од долгогодишни професионалци во филмската, телевизиската и индустријата на видео игри треба да придонесе во изготвувањето на предлог-рамката за зајакнување и поттикнување на развојот на аудиовизуелните креативни индустрии во Македонија.
Кога се организира настан, главните уметнички и креативни одлуки се однесуваат на тоа темата на случувањето да биде во согласност со целите и потребите на клиентот и учесниците. На оваа тема студентите разговараа со сопственикот на агенцијата за техничка реализација и креатива „КЛС“, Петар Георгиевски.
Тројца студенти од трета година на насоката новинарство учествуваа на меѓународен семинар во Благоевград посветен на моменталната состојба во политиката и медиумите во Македонија и Бугарија. Која е улогата на новинарот, како да се надминат препреките за професионално известување и до која мера политиката влијае врз новинарството се темите на кои студентите Бојана Стојановска, Славица Филиповска и Никола Симовски дебатираа со истакнати новинари и активисти од регионот.
Високата школа беше дел од работилницата на тема „Развој на стратегии за доживотно учење и мобилност“, организирана од Универзитетот Џелал Бајар од Маниса, Турција. Работилницата беше организирана како дел од програмата на Европската Комисија за студиски посети, во чии рамки претставникот на Високата школа беше единствениот учесник од Македонија.
Високата школа потпиша договор за соработка со Колеџот за комуникации „Капа Фи“ во Бања Лука, Босна и Херцеговина, со кој се воспоставуваат можности за студиска размена, развој на заеднички студии, истражувања, обуки и други едукативни програми помеѓу двете образовни институции. Примарна цел на овој договор е да се создаде соработка во размената на студенти и наставен кадар и на академски и информации од различни истражувања.
Како да се подготвиме пред да одиме на планиран настан, што се случува на уреднички колегиум во една редакција, како и каде се раѓаат идеите за новинарските стории?