Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Вести

Новинарката Билјана Георгиевска, која беше дел од редакцијата на БиБиСи на македонски јазик во текот на целото нејзино постоање, пред студентите на Високата школа рече дека почитувањето на професионалните принципи и одржувањето на новинарската љубопитност се клучни фактори во растот на младите новинари.

20-те ученици од економско-правните училишта „Васил Антевски Дрен“ и „Арсени Јовков“ се први меѓу стотината средношколци кои Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ќе ги обучува за медиумска и дигитална писменост. Учениците ќе дознаат што е и зошто е важно да се медиумски писмени во период кога се изложени на информации од разни извори и пораки, но ќе добијат совети и како да се заштитат. Обучувачите Александра Теменугова и Дејан Андонов ќе ги воведат во основите на медиумската култура и основите на новинарството со цел да стекнат знаења и вештини кои ќе ги применуваат при креирањето содржини за матичните училишни весници. Нивните текстови редовно ќе се линкуваат на веб страницата за средношколци www.medium.edu.mk.

Дводневна обука за новинарство во Кишинев, Молдавија обедини 25 млади новинари од Југоисточна Европа, меѓу кои беа двајца студенти по новинарство на Високата школа . Темата на којашто се работеше е како да се побараат податоци, како да се потврдат и како да се искористи интернетот како релевантен начин на нивно претставување. Молдавија е позната по тоа што се соочува со проблеми во образованието, организираниот криминал и пристапот на информации од јавен карактер.

Постдипломските студии на Институтот за комуникациски студии (ИКС) ќе обезбедат академски научен прогрес во областа на менаџирањето на стратегиски комуникации и на медиуми и мултимедија преку создавање нови истражувачки кадри, како и севкупен растеж на научната мисла во Македонија.

Како се менаџира, кој е рецептот за успешен бизнис во практиката и како функционираат менаџментот и односите со јавност во една компанија можеа да дознаат студентите во дискусијата со менаџментот на „Адора Инженеринг“.

Истражување на целните групи и пазарот, промотивни активности и алатки и план за кризна комуникација ќе осмислат и изработат студентите по односи со јавноста за издавачката куќа „Арс Ламина“, којашто оваа година е клиент во рамки на семестралните проектни задачи.