Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Вести

Студентите од првиот семестар изработија каталог со идеи за постери за Скопскиот џез фестивал, како дел од завршните проекти по предметот Фотографија, графика и дизајн.

logo-uab1Високата школа потпиша договор за соработка со шпанскиот Автономен универзитет од Барселона, кој предвидува размена на студенти, образовен кадар и академско искуство. Овој универзитет, кој е рангиран меѓу првите 300 универзитети според Шангајската листа, е европскиот претставник и основач на Мрежата за медиумска и информациска писменост и интеркултурен дијалог на УНЕСКО и Обединетата алијанса на цивилизации.

Високата школа стана придружен член на Мрежата за медиумска и информациска писменост и интеркултурен дијалог на УНЕСКО и Обединетата алијанса на цивилизации. Целта на оваа Мрежа која постои од 2010 година, е развивање и промоција на програми за медиумска и информациска писменост и интеркултурен дијалог на национално, регионално и глобално ниво, креирање отворени ресурси и иницијативи за промоција на слободата на изразување, слободен проток на идеи и знаења, граѓански активизам и разбирање и поврзување меѓу културите.

Eкспертски панел составен од претставници на аудиовизуелната индустрија изготви предлог-рамка за зајакнување на постојните и поттикнување на нови аудиовизуелни индустрии во Македонија. Документот содржи насоки за поддршка и развој на филмот, телевизијата и видео игрите, како сегменти на аудиовизуелната дејност.

Планови за кризна комуникација, промотивни активности и предлози за интернет комуникација изработија студентите по односи со јавноста за издавачката куќа „Арс Ламина“, којашто изминатиот семестар беше клиент во рамки на проектните задачи.

Студентите Емилија Петреска и Новица Коцев беа на обука за „Собирање податоци за истражувачко новинарство“ што УНДП ја организираше во ноември во Молдавија.