Почнувајќи од јануари 2014 година, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста учествува во меѓународниот истражувачки проект (Ин)Формирање за превенција, реакција и решавање на конфликти (INFOCORE), финансиран од 7мата Рамковна програма на Европската комисија. Главната цел на проектот е да се истражи улогата на медиумите во појавувањето или спречувањето, во ескалирањето или деескалирањето, во менаџирањето, решавањето или процесот на помирување по насилните конфликти.
Дипломска работа на студентка по односи со јавноста првпат е изработена за потреби на компанија од Холандија. Комуникациските стратегии на останатите дипломирани студенти во мартовскиот рок се однесуваа на приватни компании и невладини организации во Македонија.
Студентите на Високата школа кои овој семестар го следат предметот ТВ новинарство ја посетија редакцијата на Македонската телевизија и непосредно се запознаа со процесо на продукција на вести. Горан Петрески, главниот уредник на информативната програма на студентите им го претстави начинот на организација, уредувањето, планирањето и финална продукција на дневните изданија на вестите. Студентите одблизу се запознаа со обврските на еден новинар во дневно-информативната програма, теренската работа иначинот на подготовка на прилозите, монтажата која е дел од централизираниот компјутерски систем на МТВ, режијата и студиото од кое се емитуваат вестите.
Високата школа и Институтот за комуникациски студии потпишаа договор за соработка со Факултетот за организациски науки на Универзитетот во Белград којшто предвидува да делуваат заеднички во областа на високото образование и академските истражувања. Најголемиот и најстар државен универзитет во Србија е рангиран на Шангајската листа меѓу 400-те најдобри светски универзитети.
Студентките на Високата школа Надица Биџовска и Симона Марковска имаа можност да ја искусат Холандија на начин на кој само студентите можат да ја доживеат. Тие беа на студентска размена еден семестар на Универзитетот Виндесхеим преку програмата ЕРАСМУС.
Катедрата на УНЕСКО при Високата школа на конференција ги претстави насоките за развој на креативните аудиовизуелни индустрии – филм, телевизија и видео игри во Македонија. Насоките ќе бидат публикувани заедно со анализи, мерки и активности за создавање силна аудиовизуелна индустрија што ќе произведува квалитетни домашни содржини, но и ќе помогне во вкупната економија со нови вработувања, инвестиции, извоз на аудиовизуелни производи и со свој удел во бруто-домашниот производ.