Економската редакција е голем предизвик за новинарската професија. Ова е алка која ги поврзува вистинското новинарство и сложената стручна терминологија, со која, преку реални ситуации, се запознаа студентите од втора година на насоката Новинарство.
Планирањето и управувањето со внатрешната комуникација во компанија од голем ранг беше темата за која студентите по односи со јавноста ја посетија „Комерцијална банка“.
Како се обезбедуваат средства за финансирање на општествено корисни теми и кои алатки се користат за нивно промовирање беше интересот на студентите по односи со јавност при посетата на Црвениот крст на Град Скопје.
Студентите по новинарство го осознаа процесот на подготовка и печатење весници при посетата на „Графичкиот центар“ во Скопје. Низ обиколката во печатницата, тие го почувствуваа мирисот на хартија и звукот на машините кои информацијата ја претвораат во форма и облик.
Студентите ги усовршуваа специфичностите на телевизијата како медиум преку практична настава за снимање и монтирање и за читање во микрофон во рамки на предметот ТВ новинарство.
Во текот на април Високата школа ќе организира нов сет на курсеви, за кои пријавувањето трае до 7 април. Курсевите се наменети за оние кои сакаат да стекнат или да ги усовршат своите вештини во областа на односите со јавноста, комуникациите, маркетингот, медиумите, но и за изработка на магистерски и докторски скици.