Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Вести

Младите и обложувалниците, децата на улица, турканиците во автобусите, кучињата скитници се некои од темите кои преку фотоприказни ги обработија околу 60 средношколци на работилниците за медиумска писменост организирани од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.

Десетмина учесници успешно ги одбранија финалните проекти кои ги изработија во рамки на специјализираниот курс „Планирање на ефикасна кампања за односи со јавност“ што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го организираше во текот на април и мај.

Студентите по односи со јавноста го реализираа проектот „Солидарен оброк“, преку којшто медиумски ја промовираа хуманитарната акција за донирање оброци за социјално загрозените луѓе во Македонија. Проектот го реализираа во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, а медиумски поддржувачи на кампањата беа Радио Канал 77 и Fakulteti.mk.

Околу 500 средношколци ќе имаат можност да ја унапредат медиумската и дигиталната писменост во наредната една година преку проектот „(Де)конструирај ги медиумите“, што го спроведува Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.

Во рамките на кампањата „ЕУ одблизу“, студентите на Високата школа минатиот четврток го посетија селото Ростуше со цел да се запознаат како функционира проектот на ЕУ за дикертно запознавање на населението околу обврските и привилегиите што ги носи членството во унијата.

УНДП и оваа година ги однесе студентите во Преспанско. Методот „учење преку работа“ доминираше двата дена поминати на јаболковите насади во Преспанскиот регион, заштитениот парк на природата во с. Езерани, новоизградената компостара во Ресен и пристаништето во Стење каде се гради станицата за мониторинг на водата во Преспанското езеро.