Со наставните содржини по предметот Медиумско право, и по Менаџирање настани и буџетирање, студентите на насоките новинарство и односи со јавноста ја почнаа академската 2014-2015 година.
Средношколскиот весник „Медиум“ ја продолжува четвртата сезона. Во наредните седум месеци, печатеното издание ќе излегува како подлисток на весникот „Нова Македонија“ еднаш месечно.
Алумни листата на Високата школа денеска се надополни за уште 12 студенти. Пет студенти на насоката новинарство и и седум на насоката односи со јавноста и корпоративни комуникации денеска успешно ги одбранија дипломските трудови.
Високата школа им врачи дипломи на 23 студенти за новинарство и за односи со јавност и на 10 специјалисти за менаџирање на стратегиски комуникации. Најголемиот број на дипломирани студенти се од генерацијата 2010/2011 година. „Оваа диплома за вас, идните новинари и лица задолжени за односи со јавност нека биде поттик и ваш потсетник да не заборавите дека треба секогаш да трагате по вистината“, рече Јасмина Миронски, долгогодишен предавач по Печатени медиуми и Медиумски концепти и известување за политика на свечената промоција која се одржа во петокот на 27 јуни во „ЕУ инфоцентарот“ во Скопје.
Студентите по односи со јавноста ја реализираа работилницата за зајакнување на волонтерството меѓу млади волонтери на Црвениот крст на Град Скопје. Работилницата се спроведе како дел од Проектната задача во вториот семестар која студентите ги стави во реална ситуација како идни професионалци по односи со јавностa.
Обложувањето на средношколците, последиците од брзата храна, влијанијата на модната и на ИТ индустријата и стереотипите за младите се темите на телевизиската емисија „Медиум“. Емисијата ја изработија 14 средношколци на Летниот камп за медиумска писменост, што го организираше Високата школа од 11 до 15 јуни во Охрид.