Професионалните новинарски стандарди не се почитуваат поради влијанијата кои различни бизнис и политички центри на моќ ги имаат врз медиумите. За ова дискутираа дваесетина средношколци при посетата на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, организирана од Младинскиот образовен форум.
Зајакнување на имиџот на корпоративниот бренд, продажбата на услугите и производите и општествената одговорност се дел од придобивките за компаниите од спонзорирањето на настани. Ова беше посочено при посетата на студентите на Секторот за спонзорство на „Т-Мобиле“.
Извештајот ги содржи резултатите од истражувањето спроведено во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Хрватска со цел да се посочат пречките во демократскиот развој на медиумските системи во земјите од Југоисточна Европа преку мапирање шеми на коруптивни односи и практики во развојот на медиумските политики, сопственоста на медиумите и финансирањето, функционирањето на јавниот сервис и на новинарството како професија. Автори на истражувањето во Македонија се предавачите на Високата школа, д-р Снежана Трпевска и м-р Игор Мицевски.
Дел од студентите по новинарство на Високата школа на почетокот на октомври беа во Охрид на обука за истражување засновано на податоци, или дата-новинарство, термин кој станува се поприсутен во новинарскиот лексикон. Обуката ја организираа Амбасадата на САД во Скопје и редацијата на „Гласот на Америка“ на македонски јазик за студентите по новинарство и односи со јавноста од државните и приватните факултети во земјава.
Студентите по новинарство го посетија Македонското радио, каде што се запознаа со начинот на кој се „раѓаат“ утринските вести. Работната атмосфера им овозможи на идните новинари да проследат разговор со гостин, да се запознаат со процесот на монтажа, но и да ја разберат сложената страна на навидум лесни работи, како што е читање вести на радио.
Средношколците многу често го користат социјалното вмрежување за вербално и емоционално малтретирање. Нурнати во мобилните телефони и видео игрите, тие забораваат на дружењето надвор од домот, ручекот на маса или истегнувањето на мускулите, додека рекламите и филмовите создаваат кај нив поинакви модели на однесување од оние со кои се среќаваат во реалноста. За овие прашања стотина средношколци, родители и професори разговараа на Дискусијата за медиумска писменост, што ја организираше Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.