Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Вести

zbogar trajcevski janevska ilieva 03Вкупно 35 високообразовни институции, институции, медиуми и граѓански организации потпишаа пристапници кон т.н. Мрежа за медиумска писменост што ја основаше Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). Меѓу нив е Високата школа за новинарство и односи со јавноста.

Целта на Мрежата е да се унапредува соработката меѓу различните субјекти во македонското општество кои креираат и спроведуваат политики и реализираат активности и проекти во сферата на медиумската писменост. Актот за формирање ги дефинира обврските кои ги имаат сите чинители кои членуваат во Мрежата, додека пак АВМУ ќе ја промовира Мрежата и преку други средства за промоција (посебна веб страница, квартален билтен). Високата школа и Институтот за комуникациски студии се единствените високообразовни институции кои се дел од Мрежата.

Основањето на мрежата го поддржа и Делегацијата на ЕУ, на кое евроамбасадорот Самуел Жбогар посочи дека медиумската писменост е особено важна за здрава демократија и за медиумските слободи и плурализмот, но и за развојот на критичкото размислување на граѓаните.

Како дел од активностите за обезбедување на поголема видливост на Мрежата и нејзината кауза, АВМУ ќе испраќа различни промотивни материјали до медиумите и други партнери со кои ќе ја подига свесноста на јавноста за важноста на медиумската писменост. Во нив ќе бидат вклучени и неколкуте едукативни видеа за медиумска писменост кои ги изработи Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.

Автор на фотографиите е фоторепортерката од весникот „Нова Македонија“, Маја Јаневска.