Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Вести

Високообразовни институции од Македонија, Словенија и Турција формираа виртуелен кампус кој ќе нуди онлајн програма за иновативен менаџмент, лидерство и стратегиски комуникации во овие три земји. Високата школа за новинарство и за односи со јавноста од Македонија, Факултетот за применети бизнис и општествени студии ДОБА од Словенија и Истанбул Универзитетот од Турција почнуваат со креирање на курикулум за заедничка програма за професионален развој.

Младите луѓе треба да имаат конкурентска предност на транснационалниот пазар којшто забрзано се развива и менува, особено во професиите за менаџмент и комуникации во кои силно се одразуваат најновите трендови на глобализацијата, претприемништвото и информатичко-комуникациските технологии. Затоа едногодишната програма ќе биде наменета за 60 млади професионалци и студенти кои ќе можат да ги усовршат лидерските, бизнис и комуникациските вештини потребни за менаџерските позиции во меѓународното бизнис опкружување.

Во наредните три години, виртуелниот кампус на Високата школа, Факултетот ДОБА и Истанбул Универзитетот ќе го развива и промовира пристапот на онлајн учење и виртуелна мобилност, ќе обезбеди меѓународно признато знаење и ќе ја развива интеркултурната соработка.

Виртуелната мобилност ќе го олесни пристапот до транснационалната програма на учесници од различни држави и ќе им овозможи меѓународна и интеркултурна соработка со високо-селектирана група на професионалци и предавачи од други земји. Учесниците ќе соработуваат во мешани тимови преку решавање на проблеми, изработка на проекти за реални клиенти, онлајн дискусии и континуиран фидбек, учејќи во виртуелна училница.

Заедничката програма ќе биде приспособена на потребите на меѓународниот пазар, но и прилагодена на специфичните предизвици на бизнис заедниците во Македонија, Словенија и Турција. Учесниците ќе стекнат високо ниво на способности и сертификати признати во трите земји и ќе се здобијат со 60 ЕКТС кредити.

Онлајн програмата ќе овозможи и слободен пристап до отворени едукативни ресурси во областа на иновативниот менаџмент, лидерството и стратегиските комуникации кои ќе бидат изработени на македонски, словенечки, турски и англиски јазик.

Заедничката онлајн програма за професионален развој за иновативен менаџмент, лидерство и стратегиски комуникации е проект финансиран во рамки на ЕРАСМУС+ Програмата на Европската комисија.

 

Галерија од воведнaтa средба на проектот

ERASMUS-malologo