Студентката по новинарство Љубица Николовска во август учествуваше на десетдневната обука по онлајн и мултимедија новинарство при Германската школа за новинарство во Минхен, Германија.
Љубица беше дел од 11-члената група студенти од балканските земји кои во мешани тимови со студентите од германската школа го направија мултимедијалниот проект „Сиво или зелено?“. Учесниците работеа во веб-платформата Пејџфлоу и имаа интензивна работа на терен каде што фотографираа, снимаа, интервјуираа и пишуваа, под под менторство на предавачките Ангелика Кноп и Александра Рејнсберг. Десетдневната обука ја поддржа фондацијата Роберт Бош Шифтунг (Robert Bosch Stiftung).
Програмата вклучуваше и културно-уметнички активности како што бесе туристичката тура низ Минхен, посета на најголемото филмско германско студио Бавариа Филмштад и на Олимпиското село каде што се одржуваше летен музички фестивал.
Германската школа за новинарство во Минхен во 1949-тата година ја основал Верман Фридман, тогашен уредник на Зидојче Цајтунг и оттогаш школата ги дели своите простории заедно со овој весник. Таа е воедно и најстара школа за новинарство во Германија и сеуште важи за една од најдобрите.