Четири студенти на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста на почетокот на јули продуцираа заеднички аудио прилози со млади новинари од Босна и Херцеговина и од Австрија. Радио емисиите ЈунитиРадио (Unity Radio) се дел од проектот „Поврзување на младите од поранешна Југославија преку радио-продукција - Екс(Ју)“ од Ерасмус + програмата.
Во проектот учествуваат Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, радиото Оринџ ФМ од Виена, Австрија и студентското радио Студент ФМ од Сараево, БиХ. Сите парнери делегираат по четворица учесници кои имаат афинитети за радио-новинарство.
„Екс ју програмата е програма за млади луѓе и студенти од поранешните југословенски републики и Австрија. Главната цел беше да научат да работат радио новинарство, но и да работат на теми кои ја засегаат Европската унија. Учесниците беа распоредени во повеќе групи, обработувајќи различни општествени прашања, меѓу кои и правото на штрајк на просветните работници во Македонија“, сподели радио-тренерката Шајен Мекеј. Учесниците учеа и дискутираа за слободата на изразување, како таа се манифестира во сите три земји.
Следува обука и нови радио-емисии за етика во новинарството која ќе се одржи во септември во Скопје. Идната година истите учесници ќе поминат уште две неколкудневни обуки во Сараево, Босна и Херцеговина.
Слушнете ги радио-емисиите: