Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Вести

Студентите по односи со јавноста учествуваа во реализирањето на Медиумскиот ден за средношколците и изработија план за кризна комуникација за „ИНБОКС продукција“ како дел од семестралните проекти во изминатите два месеца.

Студентите од третиот семестар беа вклучени во Медиумскиот ден за средношколците уште од самиот почеток при дизајнирањето и планирањето на настанот. Тие анкетираа околу 170 средношколци од пет скопски училишта за нивните преференции и мислења за медиумите и го анализираа медиумскиот пазар во Македонија и слични настани за медиумска писменост во регионот и светот. Врз основа на добиените сознанија, студентите предложија идеи за промотивни активности, алатки и канали за комуницирање на настанот во јавноста. Тие беа дел од тимот и за содржинските и логистичките активности за подготовка и спроведување на настанот.

Студентите од петиот семестар креираа кризен план за комуникација на „ИНБОКС продукција“, која е главен застапник на брендот АВОН во Македонија. Врз основа на истражување и анализи, тие ги предвидоа потенцијалните ситуации кои можат да бидат приоритетен и потенцијален ризик за компанијата. За секоја кризна ситуација, изработија посебен план со јасно дефинирани цели, засегнати страни кои треба да се опфатат, пораки кои треба да се комуницираат, како и прецизни активности кои треба да се преземат за намалување или заобиколување на кризата.

Проектната задача претставува професионална ситуација со која студентите ќе се соочат како практичари по корпоративни комуникации и односи со јавноста. Целта е студентите да ги интегрираат теоретското знаење и вештините коишто сте ги стекнале во текот на семестарот во изработка на проект за реален клиент.