Стравот од зборување пред публика е се уште еден од најголемите стравови, а луѓето ја создаваат својата перцепција за тоа кои сме и што правиме врз основа на сигурноста што ја покажуваме кога јавно зборуваме.
Преку овој курс ќе успеете да се стекнете со вештини кои ќе ви помогнат да ја надминете нервозата, да се ослободите од тремата и стравот од зборување пред јавност. Освен тоа, курсот ќе ви помогне да ги стимулирате своите креативни размислувања и да ги научите техниките за убедлив настап и презентација пред јавноста.
Резултатите од овој курс доаѓаат брзо, особено затоа што се реализира низ интерактивни вежби и задачи, притоа стекнувајќи го неопходното знаење и вештини за креативно и убедливо зборување и презентирање.
Пријавувањето е до 19 декември, 2014 година на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..">This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..
Програма на курсот:
Стекнување сигурност и надминување на стравот и нервозата при јавно зборување: Стравот, нервозата и паниката се вообичаени пред јавен настап. Со совладување на техниките за нивно контролирање и со практична работа ќе делувате сигурни, опуштени и фокусирани на вашата тема.
Како да пишувате ефективни пораки за комуникација со јавноста? Пораките се централна точка во ефективната комуникација. Преку оваа тема ќе ги научите елементите на ефективните пораки и техниките што се користат за да го привлечат и задржат вниманието на публиката.
Подготовка на план за креативно и убедливо зборување: Планот за креативно и убедливо зборување ја организира вашата комуникација. Во овој дел ќе се запознаете со елементите на планот и низ примери од секојдневното комуницирање на едноставен и интересен начин ќе ги стекнете вештините за негова подготовка.
Подготовка на ефективна презентација: Ефективната презентација носи до гарантиран успех во комуникацијата со целната публика. Преку оваа тема, на интерактивен начин ќе се запознаете со насоките за содржинско и техничко подготвување на презентациите.
Невербална комуникација и поврзување со публиката: Говорот на телото упатува на сигурноста на говорникот и во голема мера влијае врз резултатите од самата комуникација. Низ практична работа ќе бидете во можност да го анализирате својот настап и добро да се подготвите за продуктивна комуникација.
Курсот го води: М-р Марина Тунева
Наставата e организирана во пет неделни предавања и вежби, два пати неделно по два часа во попладневните термини.
Учесниците кои успешно ќе го завршат курсот, ќе добијат сертификат со одреден број на кредити по ЕКТС.
Цената за еден учесник е 9.000 денари. За студенти следува попуст од 30%.
Лице за контакт: Лејла Шабан, Раководител на центарот за обука и професионална надградба „Кариера" www.vs.edu.mk/kursevi; This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.; Тел: 02 30 90 004