Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Вести

Учествувај на Медиумскиот ден за средношколци, што ќе се организира на 12-ти декември, и вклучи се во процесот на продукција во мејнстрим медиумите. Пријави се најдоцна до 8-ми декември (понеделник) на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. и остави ги твоето име и презиме и контакт податоци.

Прв пат во Македонија, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ќе ти овозможи да се запознаeш со различни типови на медиумска продукција – во ТВ, радио, веб портал и во весник. Разговарај лично со истакнати уредници и новинари за етичките предизвици на новинарството, влијанијата на и врз медиумите, медиумската продукција, итн. Научи како да ги пребаруваш и вреднуваш информациите и како да ги користиш мултимедијалните алатки креативно.

Медиумите – интернетот, музиката, ТВ, видео игрите, стрипот, па дури и рекламите - се дел од животот којшто го уживаме сите. Популарната култура влијае при креирањето на нашиот животен стил, ставови и, генерално, на личниот и социјалниот развој. Меѓутоа, ја препознаваш ли секогаш границата меѓу реалноста и фантазијата? Правиш ли разлика меѓу моделите, насилството и хероите во медиумите и во вистинскиот живот? Дали си пасивен потрошувач или ангажиран корисник на медиумите?

Под слоганот „Размислувај критички, делувај етички: Во и надвор од училница“, Медиумскиот ден ќе ти помогне да ги деконструираш медиумите и полесно да ги разбереш медиумските содржини и пораките што ги испраќаат.

Медиумскиот ден за средношколци се организира во рамки на проектот „(Де)конструирај ги медиумите“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.