Јавната дипломатија придонесува во брендирањето и артикулирањето на идентитетот на една држава преку промовирање и одржување односи со различни неофицијални групи во странство. За ова последипломците на Институтот за комуникациски студии дискутираа со амбасадорот на Словенија Бранко Раковец, амбасадорот на Хрватска Златко Крамариќ и претставникот на Министерството за надворешни работи Љупчо Ѓорѓински.
Функциjaтa на дипломатскатa мисија се состои, меѓу другото, во претставување на државата, заштита на нејзините државјани во странската земја, преговарање, како и промовирање на пријателски економски, културни и научни односи, изјави заменикот директор за јавна дипломатија во МНР, Љупчо Ѓорѓински.
Дипломатите посочија дека меѓународното опкружување се карактеризира со развиени граѓански општества и затоа влијанието на невладини актери е се` поголемо. Оттука, јавната дипломатија ги вклучува областите на културата, спортот, екологијата, економијата итн.
Амбасадорот на Словенија во Македонија, Бранко Раковец вели дека дипломатите се повеќе треба да се запознаваат со овој вид на работа и тие мораат да соработуваат со претставници од граѓанското општество и невладините актери за да остварат подобри резултати.
Денес, културните односи вклучуваат и други приоритети, како што се човековите права, демократските вредности, медиумите и доброто управување, изјави амбасадорот на Хрватска во Македонија, Златко Крамариќ.
Посетата на дипломатите се реализираше во рамки на предметот Јавни прашања и јавна дипломатија.