Токму на 70-годишниот роденден на „Нова Македонија“ излезе новиот број „Медиум“.
Со ова издание, Високата школа и Нова Македонија ја отворија новата сезона за „Медиум“, кој следните седум месеци ќе излегува како месечен подлисток на дневниот весник. Печатењето на средношколскиот весник е дел од напорите на Високата школа за унапредување на медиумската и дигиталната писменост кај тинејџерите и проектот „(Де)конструирај ги медиумите“.
„Медиум“ и Високата школа ги охрабруваат сите ученици и професори во средните училишта низ Македонија да станат дел од редакцијата на овој средношколски весник и веб страница. Повеќе информации како да се вклучите во активностите на „Медиум“, можете да прочитате во „Биди репортер“.