Извештајот ги содржи резултатите од истражувањето спроведено во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Хрватска со цел да се посочат пречките во демократскиот развој на медиумските системи во земјите од Југоисточна Европа преку мапирање шеми на коруптивни односи и практики во развојот на медиумските политики, сопственоста на медиумите и финансирањето, функционирањето на јавниот сервис и на новинарството како професија. Автори на истражувањето во Македонија се предавачите на Високата школа, д-р Снежана Трпевска и м-р Игор Мицевски.
Истражувањето се спроведе во рамките на регионалниот проект „Медиумска опсерваторија на Југоисточна Европа“, финансиран од Европската Унија. Македонскиот институт за медиуми (МИМ) е еден од петте организации на граѓанското општество од споменатите земјите кои се партнери во истражувањето.
Електронското издание од извештајот на македонски јазик е достапно тука.