Студентите по новинарство го посетија Македонското радио, каде што се запознаа со начинот на кој се „раѓаат“ утринските вести. Работната атмосфера им овозможи на идните новинари да проследат разговор со гостин, да се запознаат со процесот на монтажа, но и да ја разберат сложената страна на навидум лесни работи, како што е читање вести на радио.
При посетата, новинарката Мира Костиќ ги запозна студентите со вработените кои секојдневно придонесуваат за квалитетот на националната радиотелевизија. Исто така, Костиќ на своите идни колеги им сподели совети од својата долгогодишна новинарска кариера.
Посетата на Македонската радиотелевизија се реализираше како дел од наставната програма по предметот Радио новинарство.