Со наставните содржини по предметот Медиумско право, и по Менаџирање настани и буџетирање, студентите на насоките новинарство и односи со јавноста ја почнаа академската 2014-2015 година.
Во текот на претстојниот семестар, студентите по новинарство од втора година, меѓу останатите предмети, ќе ги учат тајните на радио- и на он-лајн новинарството и уште првата недела на распоред имаат интензивна работа на терен и посета на Македонското радио. Оние кои се запишаа во петтиот семестар, ќе учат Етика во новинарството, Медиумски концепти и известување за политика и Медиуми и општество.
Студентите од третиот семестар на насоката односи со јавност, од клучните предмети ќе ги изучуваат Маркетинг и маркетинг комуникации, Истражување на пазар, Менаџирање настани и буџетирање. Оние постарите од нив за една година, до крајот на годинава ќе учат за Репутациски менаџмент, Кризно управување и менаџирање на ситуации, Планирање на истражување.