Средношколскиот весник „Медиум“ ја продолжува четвртата сезона. Во наредните седум месеци, печатеното издание ќе излегува како подлисток на весникот „Нова Македонија“ еднаш месечно.
Весникот е одлична можност за промоција на средношколците и училиштата, пишувајќи информации за различни активности (училишни, спортски, забава, технологија, натпревари итн.) и есеи на теми кои ги засегаат младите луѓе.
Рубриките за кои можете да испратите информации и фотографии кои ќе бидат објавени во весникот и на веб страницата се следниве:
- „Низ ходниците“ - вести со фотографии за редовни училишни активности
- Каде бевме? - можност за интересна промоција на училиштето на половина страница со текст до 30 редови и повеќе солидни фотографии
- „Јас мислам вака“ - есеј до 30 редови на теми по избор на средношколците
- „Херојот од мојата улица“ - текст/приказна за средношколец (до 30 редови) со интересно хоби, талент, спортски, волонтерски или хуманитарни активности, невообичаен стил на живот и сл. со повеќе фотографии; и
- „Ние испрашуваме“ - текст/приказна за професор (до 30 редови) со интересно хоби, талент, спортски, волонтерски или хуманитарни активности, невообичаен стил на живот и сл. со повеќе фотографии;
Информациите и фотографиите може да ги изработат еден или повеќе средношколци. Информациите треба да ги испратите на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. најдоцна до 30-ти септември, за да можеме да ги објавиме во октомвриското печатено издание.