Високата школа им врачи дипломи на 23 студенти за новинарство и за односи со јавност и на 10 специјалисти за менаџирање на стратегиски комуникации. Најголемиот број на дипломирани студенти се од генерацијата 2010/2011 година. „Оваа диплома за вас, идните новинари и лица задолжени за односи со јавност нека биде поттик и ваш потсетник да не заборавите дека треба секогаш да трагате по вистината“, рече Јасмина Миронски, долгогодишен предавач по Печатени медиуми и Медиумски концепти и известување за политика на свечената промоција која се одржа во петокот на 27 јуни во „ЕУ инфоцентарот“ во Скопје.
Прв пат од своето постоење, Високата школа ја промовираше првата генерација специјалисти по менаџирање на стратегиски комуникации. „Ова е навистина значаен момент на кој се горди не само студентите кои денеска ја добиваат црвената тутурутка со диплома, туку и целиот тим предавачи во Високата школа кои последниве неколку години интензивно работеа на креирање и реализација на уникатна студиска програма која (ќе) го следи и предвиди динамичниот развој на новите медиуми и технологии“, рече Александра Теменугова од Високата школа.
Дел од новите дипломирани студенти продолжуваат со вториот циклус студии на неодамна формираниот Институт за комуникациски студии, на една од двете насоки Менаџирање на стратегиски комуникации и Менаџирање на медиуми и мултимедија.
{youtube}FEWX5Bk97MY|380|270|0{/youtube} |
|