Студентите по односи со јавноста ја реализираа работилницата за зајакнување на волонтерството меѓу млади волонтери на Црвениот крст на Град Скопје. Работилницата се спроведе како дел од Проектната задача во вториот семестар која студентите ги стави во реална ситуација како идни професионалци по односи со јавностa.
Во текот на мај, студентите се запознаа со организациската поставеност и функционирањето на системот за внатрешна комуникација на Црвениот крст, истражуваа за начините како може да се поттикне и подобри волонтерството, ги анкетираа новите волонтери за нивните очекувања од волонтирањето и врз основа на добиените информации, им организираа работилница.
Во рамки на проектот, студентите изработија видео и веб страница „Волонтирај за Црвениот крст“ преку кои ги промовираа пораките за јакнење на волонтерството.
Проектната задача на студентите беше организирана во соработка со Црвениот крст на Град Скопје.
Facebook страница „Волонтирај за Црвениот крст“
Видео
Фотографии од работилницата