Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Вести

Обложувањето на средношколците, последиците од брзата храна, влијанијата на модната и на ИТ индустријата и стереотипите за младите се темите на телевизиската емисија „Медиум“. Емисијата ја изработија 14 средношколци на Летниот камп за медиумска писменост, што го организираше Високата школа од 11 до 15 јуни во Охрид.

На петдневниот Летен камп, средношколците учеа за критичкото размислување и за спецификите на видеото и ТВ новинарството. При подготовката на ТВ емисијата, тие имаа улоги на репортери, снимаа на терен и монтираа со професионални сниматели и монтажери, но учествуваа и како главни говорници во прилозите. Претходно, средношколците ги вежбаа вештините за генерирање идеи, ТВ пишување и конструирање на ТВ приказна со долгогодишни новинари и уредници.

Сесиите за критичко размислување им помогнаа на средношколците да ги осмислат темите за ТВ емисијата. Тие осознаа како влијаат стереотипите врз создавањето на мислење и како да ги препознаваат логичките грешки, како и за употребата на јазикот во медиумите.

Емисијата ја изработија во соработка со охридската „ТВМ“, но ќе се емитува и на други локални телевизии и веб портали.

Летниот камп за медиумска писменост се одржа во рамки на проектот „(Де)конструирај ги медиумите“, којшто Високата школа го спроведува со поддршка на американската амбасада во Скопје.

 

{youtube}iLkQkNcmKbw|500|300|0{/youtube}

 

Галерија од Летниот камп

 

disklejmer